Powered By Blogger

22. 6. 2014.

Kaнатларовски го замени Спартак со Нови Пазар

БИВШИОТ СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИНА ПРОНАЈДЕ НОВ КЛУБ ВО СРПСКАТА ЈЕЛЕН СУПЕР ЛИГА
Бившиот тренер на Спартак од Суботица, Драган Канатларовски и натаму ќе остане во српскиот фудбал, но следната сезона, како шеф на стручниот штаб на суперлигашот Нови Пазар.
Минатата сезона Канатларовски повеќе од успешно го водеше тимот на Спартак Суботица, но на крајот од сезоната се одлучи да замине од клубот. Неговото име се поврзуваше и со клупата на тетовска Шкендија, но и неколку клубови од Грција и Бугарија, за да на крајот сепак се одлучи, се чини, да ја прифати понудата на амбициозниот Нови Пазар, договор кој се очекува да биде официјализиран наредниве денови.

Нема коментара:

Постави коментар