Powered By Blogger

21. 6. 2014.

Марјан Котевски го засили Силекс

СЕ ЗГОЛЕМУВА БИТОЛСКАТА КОЛОНИЈА ВО КРАТОВО
 
Младиот фудбалер кој е производ на школата на Пелистер, а во последниот шампионат настапуваше за второлигашот Новаци, Марјан Котевски во шампионатот 2014/15 ќе го носи дресот на Силекс.
Котевски ги договори сите детали со кратовскиот првологаш и од понеделник ќе му се стави на располагање на новиот тренер на Силекс, Зоран Штерјовски. Котевски ќе биде втор битолчанец во Силекс по Стефан Магловски кој беше еден од најзаслужните за промоцијата од Втора во Прва лига. Клубот го напушти ветеранот Сашо Лазаревски, кој како слободен фудбалер ќе побара нов ангажман. 

Нема коментара:

Постави коментар