Powered By Blogger

21. 6. 2014.

Дејан Велевски се врати во Пелистер

МЛАДИОТ ФУДБАЛЕР ЗА ВРСКА ЈА ЗАВРШИ ПОЗАЈМИЦАТА ВО 11 ОКТОМВРИ И СЕ ВРАТИ ВО МАТИЧНИОТ КЛУБ
Ако во зимскиот преоден рок Пелистер ги врати од одстапка Бурхан Мустафов и Тони Магловски и одиграа неколку делови од средбите во вториот дел од шампионатот, сега ред е на Дејан Велевски.
20 годишниот фудбалер за врска ја заврши втората одстапка, овој пат во 11 Октомври, и се враќа под Тумбе кафе со цел да се бори за место во тимот. Велевски е продукт на школата на Пелистер, кој по две кратки позајмувања во Победа и 11 Октомври се враќа во матичниот клуб. Тој и останатите ќе се јават на првата прозивка на 25 јули во 17 часот, кога многу работи во битолскиот клуб ќе бидат појасни. Многу веројатно на првиот тренинг, Велевски ќе биде единственото ново име. 

Нема коментара:

Постави коментар