Powered By Blogger

25. 6. 2014.

Турски Бешикташ го купува ФК Пелистер!

ДОЈДЕ ДЕНОТ НА ОДЛУКА КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ СОПСТВЕНИК НА ФК ПЕЛИСТЕР
Денес од 14 часот во општина Битола јавно ќе се отворат понудите кои пристигнаа на адреса на единствениот акционер за купување на ФК Пелистер. Неофицијално има неколку писмени понуди кои од минатата недела пристигнале во општината, а рокот за доставување на понуди ќе биде затворен заклучно со 13 часот.
Според весникот „Македонски спорт„ турскиот гигант Бешикташ ја има најдобрата понуда и денес ќе се официјализира купувањето на Пелистер од турскиот клуб. Со оглед на тоа што Пелистер не се организира и во своите структури и во играчкиот кадар, веднаш по отворањето на понудите ќе следи работен состанок по кој во 17 часот под Тумбе кафе, фудбалерите ќе ја дознаат нивната судбина, а навивачите и симпатизерите на Пелистер и иднината на клубот. Најверојатно екипата и натаму ќе ја води Драган Бочевски, а кој ќе биде тимот Пелистер ќе се организира и во најбрз можен рок ќе состави компетитивна екипа. Близу 20 фудбалери ќе се појават на првата прозивка, а ни одблиску не се гледа изгледот на тимот во сезоната 2014/15.

Нема коментара:

Постави коментар