23.06.2014.

Младите ракометари на ХЈС подобри од Кожани

КОЛАТА НА МАРКОВСКИ И ЗАРКОВ СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЃУНАРОДЕН МЕЧ
ХЈС - Кожани 33:22 (14:7)

Во меѓународен пријателски натпревар одигран во спортската сала „Павел Шатев„ во Битола екипата на ХЈС (Хендбол Јуниор Скул) на прославените бивши македонски репрезенативци Александар Зарков и Иван Марковски го совлада тимот на Кожани од Грција со убедливи 33:22.
Во текот на сите 60 минути битолската екипа имаше предност, која подоцна ја преточи во убедлива победа. Ова е само еден од мечевите на ХЈК и Кожани, кои во месец август треба да одиграат и возвратен натпревар во соседна Грција. 

Нема коментара:

Постави коментар