Powered By Blogger

4. 6. 2014.

Општина Битола одбира меѓу три понуди

СПОРЕД НЕОФИЦИЈАЛНИТЕ ИНФОРМАЦИИ ИМА ТРИ СЕРИОЗНИ ПОНУДИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ФК ПЕЛИСТЕР 
ФК Пелистер дефинитивно замина на берза, а неофицијално дознаваме дека постојат три официјални и многу сериозни понуди и тоа една од домашна компанија и две странски од Бугарија и Турција.
Пред повеќе од 40 дена имаше и три понуди на јавниот повик за интерес, па сега три понуди има и за продажба, со тоа што понудите комплетно не се поклопуваат. Преговорите со општината се нормална процедура и покрај тоа што секој може да купи акција на клубот на берза, заради другите многубројни детали кои треба да се договорат помеѓу стариот и новиот сопственик на клубот. Главната дилема е околу користењето на спортските објекти и стадионот под „Тумбе кафе„ кои не одат во пакетот за продажба, туку му припаѓаат и ги менаџира општина Битола. Последните информации се дека нема јасен фаворит помеѓу понудите и неизвесно е дали и кога ќе биде познат исходот. Битолчани најмногу се загрижени за тајмингот, до кога треба да се случи најавеното примопредавање на сопственоста на клубот. 

Нема коментара:

Постави коментар