Powered By Blogger

25. 6. 2014.

Одложена прозивката под Тумбе кафе

ПРОБЛЕМОТ СО ПРОДАЖБАТА НА КЛУБОТ ГЛАВНА ПРИЧИНА ЗА ЧЕТИРИ ДНЕВНОТО ПОМЕСТУВАЊЕ НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ ВО НОВАТА СЕЗОНА 
Откако во текот на денешниот ден не беше донесена било каква одлука околу продажбата на клубот, прозивката на сениорската екипа беше одложена за в сабота попладне.
Иако мала е веројатно за неколку дена работите да се подобрат, управата на клубот се одлучи во интерес на мирот и организацијата во овој период на транзиција на клубот, да го одложи стартот и да не се шпекулира со информации поврзани околу иднината на клубот. Неизвесно е кога ќе биде одобрен вториот јавен повик за продажба на клубот и колку време ќе помине до евентуалното продавање на клубот. 

Нема коментара:

Постави коментар