Powered By Blogger

26. 6. 2014.

Констанца на Шундовски со одлична ждрепка за влез во Лигата на шампионите

ПОЗНАТИ ГРУПИТЕ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО РАКОМЕТНАТА ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Познати се трите квалификациски групи за пласман во машката Лига на шампионите, по денешната ждрепка екипата на Констанца од Романија предводена од македонскиот тренер Звонко Шундовски, како и на нашиот интернационаец Бранислав Ангеловски, се наоѓаат во групата 3 заедно со Хаслум (Норвешка), Бешикташ (Турција) и Хаселт (Белгија).
Во првата група се наоѓаат Мешков Брест (Белорусија), Војводина (Србија), Татран Прешов (Словачка) и Бево (Холандија), додека во втората за место во ЛШ ќе се борат Мотор Запорожје (Украина), Порто (Португалија), Алпла Хард (Австрија) и Фасано (Италија). Според најавите квалификациските мечеви ќе се одиграат на 6 и 7 септември 2014 година, а само победниците ќе играат во ЛШ и ќе бидат можни противници на Металург и Вардар.

Нема коментара:

Постави коментар