11.06.2014.

Драгарски пред потпис со Конкордија

БИТОЛСКАТА КОЛОНИЈА ВО РОМАНИЈА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЧЛЕН
Младинскиот репрезентативец на Македонија и член на битолски Пелистер, Христијан Драгарски од наредната сезона ќе го носи дресот на Конкордијаод Чиајна во романскиот шампионат.
Младиот 21 годишен централен дефанзивец зад себе остави одлична сезона во зелениот дрес и меѓу многубројните домашни и интернационални понуди, ја одбра таа од Романија. Само формалности и лекарските прегледи го делат од потпис со клубот кој во претходниот шампионат заврши на 14 место во првата романска лига. Драгарски кој веќе два дена е во Чиајна е продукт на школата на Пелистер, во кариерата играше на сите позиции во одбраната, а неретко се запишува во листата на стрелците по прекините. Во репрезентацијата до 21 година, Бабунски постојано го повикуваше во претходните две години, а често се наоѓаше и во стартниот тим. Во романската лига, Драгарски ќе ја зголеми колонијата на македонски интернационалци, бидејќи таму веќе настапуваат Богатинов, Георгиевски, Ивановски, Китановски. 

Нема коментара:

Постави коментар