09.06.2014.

Црногорецот Чекиќ победник на пинг-понгарскиот турнир во Битол

ГОЛЕМ ВИКЕНД ТУРНИР ВО ПИНГ-ПОНГ ВО БИТОЛА СО ЦРНОГОРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА КАКО ГОСТИН
Вчера во Битола се одржа силен меѓународен турнир во пинг-понг на кој учествуваа најдобрите пинг-понгати од нашата земја, дури и рекреативците, како и гостите од репрезентацијата на Црна Гора.
Според очекувањата натпреварувачот со највисок рејтинг црногорецот Ирфан Чекиќ го освои турнирот со победи во сите натпревари. Чекиќ е на 350 место на светската ранг листа и значително го подобри својот пласман откако се пресели во Германија каде настапува и тренира. Македонските пинг-понгари и тоа како имаа што да научат од него. Турнирот се играше на 6 маси во спортската сала на ОУ „Таки Даскало„ во Битола, а го организираше второлигашот ППК Мултитекс од Битола. Целта е овој турнир да стане традиционален и да се одржува секоја година по завршувањето на клубската сезона. 

Нема коментара:

Постави коментар