Powered By Blogger

13. 6. 2014.

Маневски пред трансфер на далечниот Исток

НАЈДОБРИОТ ФУДБАЛЕР ВО ПРЕТХОДНИОТ ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ТРАНСФЕР НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК
Доскорешниот напаѓач на Работнички, битолчанецот Борче Маневски, е последниот од листата играчи кои го откажаа својот настап за македонската фудбалска репрезентација на претстојните пријателски натпревари против Кина, на 18 и 22 јуни, и тоа поради преговори за трансфер во друг клуб „
Селекторот го ослободи Маневски поради финалните преговори со нов клуб и тој е третиот играч, покрај Ѓоко Зајков и Тауљан Сулејманов, кој нема да патува во Кина“, објави портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски. Селекторот Бошко Ѓуровски потенцираше дека го ослободил играчот за да може да го заврши трансферот во странство, но изјави дека не знае за кој клуб се раоботи. Има можност дури и Маневски подоцна сепак да ѝ се приклучи на репрезентацијата.

Нема коментара:

Постави коментар