Powered By Blogger

18. 6. 2014.

Заминувања од Пелистер, се чекаат новајлиите?

РАБОТЕН СОСТАНОК ПОД ТУМБЕ КАФЕ И ОДЛУЧУВАЧКИ ДЕНОВИ ЗА ФК ПЕЛИСТЕР ВО НАРЕДНАТА СЕЗОНА
Деновиве првите „знаци за живот„ во Пелистер дојдоа од единствениот акционер, кој вети плата деновиве и исчекување на планот за сезоната кој ќе биде појасен по 15 јуни и отворањето на понудите за нов клубски газда.
До тогаш клубот остана без неколку стандардни првотимци од шампионатот кој заврши пред еден месец. Сите бугарски интернационалци со исклучок на Кирил Динчев, кој има договор до јануари 2015 година го напуштија клубот. Така на истек од договорот срединатаја сменија Љубомир Љубенов, Николај Христов и Димитар Воденичаров. Вчера Петар Љамчевски се договори за враќање во Металург како слободен фудбалер, а Христијан Драгарски е во Романија и преговара со Конкордија за перманентен договор. Скоро сите детали се договорени единствено се чека договорот околу трансфер компензацијата која романскиот клуб треба да му ја плати на Пелистер. До овој момент нема најави за други заминувања, бидејќи голем дел од останатите фудбалери имаат постоечки договори. Околу засилувањата и планот на подготовки се е подредено на планот кој ќе биде познат наредната среда по отворањето на понудите за купување на клубот.  

Нема коментара:

Постави коментар