25.06.2014.

Ѓорѓи Силјанов апелира да не се шпекулира со неговото име при продажбата

БИВШИОТ СПОНЗОР НА ПЕЛИСТЕР НЕЗАДОВОЛЕН ШТО НЕГОВОТО ИМЕ СЕ СПОМНУВА ВО НЕГАТИВНА КОНОТАЦИЈА ПРИ ПРОДАЖБАТА НА КЛУБОТ
Спонзорот на Пелистер во последната сезона и човекот кој беше дел од европскиот Пелистер пред шест сезони, Ѓорѓи Силјанов - Монголот порача да не се шпекулира со неговото име при било која комбинација околу продажбата на клубот.
Тој истакна дека за Пелистер секогаш вложувал и инвестирал со чисто срце и не заслужува да се поврзува со било кои купувачи на клубот. На инсистирање на Силјанов, во Пелистер минатото лето во Битола дојоа 5,6 бугарски интернационалци, се вратија Алтипармаковски и Брдаровски, па дојде Стенио Жуниор и Пелистер веднаш порасна во квалитетот и амбициите.  

Нема коментара:

Постави коментар