Powered By Blogger

10. 6. 2014.

Наковска - Бикова златна и во светскиот Куп

НЕМА СВЕТСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ КАДЕ ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА НЕ ПОБЕДИ
Македонската златна параолимпијка Оливера Наковска -Бикова уште еднаш блесна. Битолчанката го освои првото место и златниот медал и на Светскиот куп во стрелаштво што се одржа во полскиот град Шчечин. Таа беше најдобра во дисциплината паѓачки цели и постојано водеше во двете гаѓања и победи во конкуренција на 39 стрелачи. Претходно во дисциплината воздушен пиштол Бикова беше осмопласирана. 

Нема коментара:

Постави коментар