Powered By Blogger

16. 6. 2014.

Бујчевски го напушти Вардар по само една сезона

НАПАЃАЧОТ ОД БИТОЛСКАТА ШКОЛА НЕМА ДА НАСТАПУВА ВО ЦРВЕНО-ЦРНИОТ ДРЕС ВО НОВАТА СЕЗОНА
Голгетерот Антонио Бујчевски си замина од Вардар по само една сезона. Битолчанецот побара раскин на договорот, а клубот му излезе во пресрет по што веднаш станува слободен играч. Напаѓачот на стартот од минатата сезона премина во редовите на Вардар од Еуромилк, но поради административни неправилности во реализација на трансферот играше само во протлетниот дел од сезоната.
Тој на осум натпревари постигна два погодоци во „црвено-црниот“ дрес и тоа на дебито против Металург и во победата од 6:0 против Напредок.

Нема коментара:

Постави коментар