Powered By Blogger

24. 6. 2014.

Кико ја освои и Бугарија и продолжува да ја брка титулата

НОВА ГОЛЕМА ПОБЕДА ВО ТРКА ОД ИСТОЧНО-ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ НА БИТОЛСКИОТ ФЕНОМЕН ХРИСТИЈАН ИЛИОСКИ
Најдобриот македонски мото-крос возач Христијан Илиоски продолжува да собира места на пиедесталот и од Бугарија деновиве се врати со нова победа со која ги зголемува своите шанси за освојување на источно европскиот шампионат во мото-крос во својата категорија.
Откако беше трет во Б и Х минатиот викенд, битолчанецот сега во Сливен ја извози својата најдобра трка сезонава и со оваа победа сега е на второто место во генералниот пласман зад бугаринот Тотев. Следи само уште една трка од првата половина на сезоната, па потоа неколку месечна пауза пред продолжувањето на шампионатот. Иако со скромни услови и со свои средства семејството Илиоски успева да се носи со цела една машинерија на тимови од овој дел од Европа, па дури и често да ги победува. Најдобриот македонски мото-крос возач се надева дека на есен работите ќе се подобрат и во многу подобра клима ќе ја дочека борбата за титулата.

Нема коментара:

Постави коментар