Powered By Blogger

29. 6. 2014.

Филип Гачевски потпиша за Брегалница

БИВШИОТ МЛАДИНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ГОЛМАН ОД АВСТРИЈА СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА
Бившиот младински репрезентативец на Македонија, битолчанецот Филип Гачевски во новиот шампионат на Македонија ќе го брани голот на Брегалница од Штип. Гачевски кој е роден во Мурска Собота, минатата сезона ги бранеше боите на австрискиот Капфенберг, а претходно настапуваше и за Луштенау и словенечката екипа Мура.
23 годишниот Гачевски потпиша договор на една сезона и ова ќе биде прво негово искуство во македонски клуб. Гачевски има близу 20 настапи за младинската репрезентација за фудбалери до 21 година на Македонија.  

Нема коментара:

Постави коментар