Powered By Blogger

28. 6. 2014.

Уште двајца битолчани во Царев двор

НОВИ ЗВЕЗДЕНИ ЗАСИЛУВАЊА НА ВТОРОЛИГАШОТ ОД ЦАРЕВ ДВОР
Во своето прво учество во Втората лига, екипата на Царев двор која ги елиминира Зајас и Победа на патот до оваа категорија, не сопира со засилувања. Денес официјализира уште два фудбалери со „дебело„ прволигашко искуство.
Поливалентниот 34 годишен фудбалер кој потекнува од школата на Пелистер, Илир Елмазовски го напушти битолскиот прволигаш и му пристапи на новиот второлигаш Младост Царев двор. Амбициозниот второлигаш само три дена откако го официјализираше трансферот на Христијан Димоски од Еуромилк, доведе уште еден фудбалер со прволигашко искуство. Елмазовски во богатата кариера го носеше дресот на Пелистер, Шкендија, Вардар, Башкими, а со клубот од Царев двор потпиша договор на една сезона. Екипата која ја води Кире Стерјов и во која настапуваат десетина фудбалери од Битола и школата на Пелистер, ја засили и ветеранот Сашо Лазаревски кој во претходната сезона настапуваше за Силекс, а во минатото покрај за Пелистер и Брегалница, играше и во бугарскиот Марек, а има и неколку настапи за сениорската репрезентација на Македонија.  

Нема коментара:

Постави коментар