21.06.2014.

Филип Чурлевски во МРК Вардар

ПЕЛИСТЕР ГУБИ ЕДЕН ОД СВОИТЕ НАЈГОЛЕМИ ТАЛЕНТИ
Еден од најталентираните ракометари на Пелистер во последните неколку години Филип Чурлевски, син на легендарниот Боро Чурлевски, од наредната сезона 2014/15 ќе го носи дресот на МРК Вардар, каде тренер е Пепи Манасков.
Добрите игри на средниот бек во зелениот дрес не останаа незабележени и за жал на битолските љубители на ракометот, Филип Чурлевски ќе игра за втората екипа на Вардар. Дали Пелистер можеше да го задржи Филип е прашање кое се поставува, но проблемите кои надвиснале над битолскиот суперлигаш се многубројни и последиците ги плаќаат и најталентираните млади асови. Покрај Чурлевски, за МРК Вардар потпишаа Спасовски, Андовски, Стефанов, а беа прекомандовани и Недановски, Јовчевски и Чаневски. 

Нема коментара:

Постави коментар