26.06.2014.

Брдаровски заминува во Полска или Португалија

УШТЕ ЕДЕН БИТОЛСКИ ФУДБАЛЕР НА ИЗЛЕЗНА ВРАТА ОД ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Потенцијалниот македонски репрезенативец Владица Брдаровски е последниот од низата фудбалери на Пелистер кој се наоѓа пред излезна врата од клубот. Имено според информациите кои тој ни ги достави до неговиот менаџер стигнале понуди од клубови од Полска и Португалија и до крајот на овој месец ќе се знае дали по втор пат ќе пронајде меѓународен ангажман или не.
Брдаровски пред четири сезони настапуваше во Чешка, а потоа ги бранеше боите на Работнички. Во последниот шампионат настапуваше за Пелистер, со кого го освои шестото место. За Брдаровски најзагреан е Лех Познањ, се распрашуваат и два португалски клубови и еден клуб од Чешка.  „ Лех Познањ е најзаинтересиран за мене, познати се и преговорите, но ако дојде до завршни разговори би можел со соодветна отштета да заминам од Битола“, рече Брдаровски.

Нема коментара:

Постави коментар