Powered By Blogger

10. 6. 2014.

Несватливото одлагање на трката во Романија го остави Илиоски без победа и лидерство

НАМЕСТО ЛИДЕРСТВО, ОД РОМАНИЈА КИКО ИЛИОСКИ СЕ ВРАТИ ПО ОДЛАГАЊЕ НА ТРКАТА КОЈА МОЖЕШЕ ДА МУ ДОНЕСЕ БОДОВИ НА ВРВОТ
Неверојатната одлука да биде поништена трката од источно-европскиот шампионат во мотокрос во Романија, претставуваше силен хендикеп за најдобрите македонски мотокрос возачи.
Стартот на првата трка во МХ1 го одбележа падот на бугаринот Тодор Тотев, кој влета во романскиот натпреварувач по што остана со заглавена нога во задното тркало. Глетката беше страшна, бидејќи пожарникарите требаше да ја исечат задната вилушка од моторот, за да ја ослободат ногата на Тотев. На трката битолчанецот Кико Илиоски имаше одличен старт, изби на првата позиција и направи огромна предност пред крајот на првиот круг кога беше истакнато и црвеното знаме за повторен старт заради падот на Тотев. 
Потоа бугарскиот мотоциклист беше однесен со амбулантно возило, а кога сите очекуваа повторен старт на трката дојде известување од надлежните дека возачите треба да се вратат во боксовите. Набрзо потоа пристигна и информација сите трки од источно-европскиот шампионат кои следуваа да бидат откажани. Во прв момент беше нејасно зошто дојде до таква одлука на челниците на балканската мото унија од Бугарија, иако сите возачи бараа трките да продолжат. Не помогна ниту нивното инсистирање, а ни повикот од романската мото федерација. Одлуката на БМУ остана конечна, а возачите од Бугарија без приговори веднаш ги вратија транспондерите и започнаа со пакување. Беше симптоматично тоа што по половина час, Тотев се врати на патеката без посериозни повреди. Така Илиоски остана без планираните бодови кои требаше да го донесат на првото место во генералниот пласман пред бугаринот Тотев.


Нема коментара:

Постави коментар