29.01.2014.

Новески - пример за врвен професионализам!

БИТОЛЧАНЕЦОТ НИКОЛЧЕ НОВЕСКИ СО ОТВОРЕНА ПОНУДА ЗА ДОГОВОР ВО ГЕРМАНСКИОТ МАЈНЦ
Договорот на македонскиот репрезентативец Николче Новески со Мајнц завршува на лето. Сепак постоечката клаузула вели дека репрезентивниот стопер може да одигра одреден број на средби и во натреварувачката 2014/2015. Фудбалерот на Македонија за 2013 година според изборот на Фудбалската Федерација на Македонија во Мајнц е од 2004 година и според германските медиуми и луѓето во клубот е вистински пример за професионализмот.
Мал е бројот на тренинзи и натпревари на кој што отустувал. Томас Тухел е презадоволен од Николче и истакнува: „Додека има желба Новески може да игра за Мајнц.Тој е модел на фудбалер каков посакува секој тим. Пример за борбеност и верност. Топ, топ професионалец. Поради ова за него не е важен договорот“.вели менаџерот на екипата. Николче Новески е меѓу топ десет фудбалери во Бундеслигата. На оваа листа се уште: Бастијан Швајштајер (Баерн Минхен), Роман Вајденфелер (Борусија Д.), Филип Лам (Баерн Минхен), Себастијан Кел (Борусија Д.) и Арон Хант (Вердер), пренесува официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Македонија.

Нема коментара:

Постави коментар