26.01.2014.

Снегот ги ремети плановите на пелистерци

ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ ГО ОДЛОЖИЈА ПРИЈАТЕЛСКИОТ МЕЧ НА ПЕЛИСТЕР СО НОВАЦИ
За вчера битолски Пелистер имаше предвиден прв контролен натпревар во зимските подготовки на гости кај второлигашот Новаци. Но снегот кој падна во Битола за време на викендот им создаде проблеми на организаторот и на ниту еден стадион во Битола и битолско, не постојат адекватни услови за одигрување на овој тест натпревар.
Бочевски и стручниот штаб не сакаа да ризикуваат некој од фудбалерите да се повреди и ќе мора да побараат некој слободен термин за нов тест во фебруари. Извесно е дека в четврток Пелистер во Охрид ќе игра со српскиот Јавор од 13 часот, а во истиот термин в сабота во Прилеп ќе му гостува на Победа. Што се однесува до играчкиот кадар, со Пелистер веќе некое време тренира Миле Петковски. Некогашниот десен бек на зелените имаше проблеми со повреда на зглобот и шест месеци не настапуваше по заминувањето од Металург. Сега не чувствува болка и може да биде од голема корист ако потпише перманентен договор со својот матичен клуб. Петковски настапува на неколку позиции во тимот и може да биде од полза на двете бековски позиции и во средниот ред. 

Нема коментара:

Постави коментар