Powered By Blogger

15. 1. 2014.

Томе Китановски претставен во Крајова

ДОВЧЕРАШНИОТ ДЕСЕН БЕК НА ПЕЛИСТЕР, ВЕЌЕ ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ СО СВОЈАТА НОВА ЕКИПА
Младиот македонски интернационалец, веќе поранешен член на Пелистер, Томе Китановски, денеска беше промовиран во нов играч на романскиот второлигаш, ЦД Универзитат Крајова, тим кој по првиот дел од сезоната е на лидерската  позиција во Втората романска лига (Серија 2).
Китановски заедно уште со останатите четири нови засилувања на ЦД Универзитат Крајова, денеска на официјална прес конференција беа презентирани пред медиумите “За мене е задоволство да се биде во овој тим. Ќе го дадам својот максимум да му помогнам на тимот во остварување на целите”- истакна на официјалната презентација Китановски. 
Со заминувањето на Китановски, продолжува и низата заминувања на дел од главните играчи во есенскиот дел од сезоната на Пелистер, ако се земе  во предвид фактот дека веќе од претходно Алтипармаковски замина во Грција, а Бразилецот Стениор Жуниор ја чека промоцијата во Шкендија.

Нема коментара:

Постави коментар