Powered By Blogger

9. 1. 2014.

Две странски засилувања пристигнуваат во Пелистер

ДЕФИНИРАНИ ЦЕЛИТЕ ВО ПРЕОДНИОТ РОК НА ПЕЛИСТЕР, ПРЕД БУРНАТА ПРОЛЕТ КОЈА ГО ОЧЕКУВА КЛУБОТ
Деновиве управниот одбор на Пелистер ги дефинира последните детали околу вториот дел од сезоната, која пелистерци ќе ја почнат со прозивката на Драган Бочевски на 15 јануари. Потврдено е дека голем дел од костурот од првиот дел од шампионатот ќе биде и натаму дел од клубот, со исклучок на големи понуди за некои од најдобрите фудбалери.
Најавени се уште две странски засилувања кои веројатно ќе бидат во Битола за 7-8 дена. Се работи за искусен дефанзивец и млад напаѓач , чии што имиња ќе бидат обелоденети штом завршат преговорите со нивните сегашни клубови. Зелените на првата прозивка ќе ги имаат и Мустафов, Атанасовски и Тони Магловски, кои се враќаат од отстапките. Јасна е идеата да не се менува радикално тимот кој освои 34 бода во фудбалската есен. До крајот на оваа недела ќе бидат дефинирани и подготовките и местото каде тие ќе бидат реализирани.

Нема коментара:

Постави коментар