Powered By Blogger

16. 1. 2014.

Стартуваа припремите и дојдоа засилувањата во РК Пелистер

ЗАВРШИ ПЕРИОДОТ НА ОДМОР ВО БИТОЛСКИОТ ВИП СУПЕР ЛИГАШ И ВРЕМЕ Е ЗА СОЗДАВАЊЕ НА ТИМОТ КОЈ БРКА ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОВАА ПРОЛЕТ
Екипата на РК  Пелистер на првиот официјален тренинг со кој се означи стартот на подготовките за пролетниот дел од сезонатa, презентираше шест нови играчи, меѓу нив петмина интернационалци. Нови играчи на Пелистер од клубот информираат дека се досегашните играчи на молдавскиот шампион Олимпус, голманот Владислав Вакаруз, левото крило Артиом Јуравилов, и двајцата Молдавци, како и украинскиот интернационалец, Сергеј Бесараб кој игра на левата и централната бековска позиција.
Покрај триото засилувања од Олимпус, нови играчи се и десниот бек од Црна Гора, Милош Ракочевиќ, кој има играно за Мојковац и Сутјеска како и левиот бек од Србија, Милош Филиќ кој има играно за словачки Татран Прешов како и српски Раднички Крагујевац. Денеска покрај петте интернационални засилување беше презентиран и нашиот пивот, Дарко Јанев кој се врати од Катар “Покрај овие засилувања до стартот на пролетниот дел од сезоната планираме уште едно до две нови засилувања во зависност од потребата. Амбициите на Пелистер се градење на тим кој ќе биде стабилен и кој притоа полека да се врати на местото кое што му припаѓа. Ова е долгорочен проект кој бара трпение но ние сме сигурни дека ќе го вратиме шампионскиот Пелистер кој беше бренд на Македонија. Сите нови играчи се свесни за богатата историја на клубот и притоа се среќни што се дел од Пелистер” изјави за спортскиот директор на РК Пелистер, Никола Пискачев дополнувајќи дека досега од клубот во однос на тимот од есенскиот дел од сезоната заминати се Горан Печенковски, Љупчо Игнов и Кире Митревски коj се пресели во РК Струмица.

Нема коментара:

Постави коментар