Powered By Blogger

9. 1. 2014.

Гордана и Тони се добитна кик-бокс комбинација

БРАЧНИОТ ПАР БОШЕВСКИ - СИНОНИМ ЗА УСПЕШНИ СПОРТИСТИ И УСПЕШНИ ЛУЃЕ
Веб порталот vistina.mk беше во посета на најпознатиот кик-боксерски пар во нашата земја, Тони и Гордана Бошевски. Нивната приказна е долга и победничка. Тони и Гордана се заедно по борилиштата и ринговите повеќе од 15 години, најпрво во карате, а подоцна и во кикбоксот.
Во брак се 11 години и се родители на две прекрасни деца Леа (10) и Љупчо(8) кои исто така веќе почнуваат да го следат патот на своите родители. Тони Бошевски е вработен како раководител на службата за обезбедување во РЕК-Битола ЕЛЕМ и покрај тоа што деноноќно се грижи за безбедноста на најголемиот комбинат во нашата држава тој и секојдневно  работи како тренер на Кик бокс клубот „ САМУРАЈ “ од Битола, а воедно е и еден од тренерите на нашата Кик Бокс репрезентација на Македонија. Големото искуство кое што го има како на домашни така и на голем број меѓународни натпреварувања и како профи борец во Ултимајт Фајт се труди на секој можен начин да им го пренеси на нашите репрезентативци кои ја претставуваат Македонија на голем број Европски  и Светски натпреварувања. Тој како тренер на Гордана и го пренел своето знаење и таа денес е и натрофејниот спортист во историјата на Битола.
Гордана била повеќе од десет години државен првак на Македонија а има освоено и многубројни Европски и Светски титули. Нејзин  најзначаен успех и е Вицешампион на Светското Првенство во кикбокс кое се одржа во Скопје. Била четири пати спортист на својот град , четири пати најдобра сениорка во својата Кикбоксинг Федерација под раководство на претседателката Александра Неделковска и две номинации за спортист на Македонија. Моментално Гордана работи во кабинетот на градоначалникот на Битола Д-р Владимир Талески како одговорна за спортот и спортските објекти и таа континуирано се стреми за развој и популаризација на спортот како и достојно репрезентатирање на можностите и потенцијалите на својата општина како спортски развиена.

Нема коментара:

Постави коментар