Powered By Blogger

25. 1. 2014.

Спировски две години во Берое

ИЗДАНОКОТ НА БИТОЛСКАТА ШКОЛА, ПОТПИША ДОГОВОР СО БУГАРСКИОТ ПРВОЛИГАШ БЕРОЕ
Македонскиот фудбалски интернационалец, битолчанецот Стефан Спировски потпиша двегодишен договор со бугарскиот прволигаш Берое и конечно стави крај на својата одисеја минувајќи пробен период во неколку клубови, барајќи подоцна средина каде да ја продолжи својата кариера.
Откако четири години мина во редовите на српскиот клуб Борац Чачак, каде не доби доволна минутажа, а одреден период беше позајмен во Работнички, Стефан Спировски беше на проба и во португалскиот Портимоменсе, каде што не успеа да се договори за соработка. Сепак, тоа му појде од рака во редовите на Берое, каде успеа да го докаже својот квалитет на еден тест - натпревар и му беше понуден двегодишен договор. Стефан Спировски е еден од нашите најталентирани играчи за врска, беше дел и од националниот тим во периодот додека селектор беше Џон Тошак, а се чини дека неговиот развој многу стагнираше во српскиот клуб Борац Чачак. Сега тој отвора нова страница во својата кариера, со надеж дека ќе блесне во полн сјај во тимот на Берое и ќе се наметне повторно за настап во фудбалската репрезентација на Македонија.

Нема коментара:

Постави коментар