Powered By Blogger

15. 1. 2014.

Спировски на проба во бугарскиот Берое

ОТКАКО НЕ МИНА ВО ПОРТУГАЛИЈА, ИЗДАНИКОТ НА БИТОЛСКАТА ШКОЛА, БЛИСКУ ДО ПОТПИС СО БУГАРСКИ БЕРОЕ
Македонскиот репрезентативец,битолчанецот Стефан Спировски ќе помине пробен период во бугарскиот фудбалски клуб на Берое. Тој денеска им се приклучи на “зелените“ во тренинзите, пренесуваат бугарските медиуми. Спировски е роден на 23 Август 1990 година во Битола. Централниот играч од средниот ред, во периодот од 2007 до 2009 година играше за Пелистер, два голови од 42 натпревари.
Во зимската пауза во сезоната 2009/2010 се пресели во редовите на Борац (Чачак) каде што запиша 51 меч и постигна два погодоци за две и пол сезони. Српскиот клуб отпадна од Првата национална лига и поради таа причина 22-годишниот играч се пресели во Работнички како позајмица (девет натпревари, еден гол). Има два настапи за македонската репрезентација до 17 години, две за селекцијата до 19, потоа во периодот од 2009-2012 играше за младата репрезентација (У-21) вкупно 21 меч и два голови, а за сениорите има четири средби, дебито го имаше на 10 Август 2011 година во пријателски натпревар против Азербејџан. Во првенството Берое после 23 одиграни кола се наоѓа на осмата позиција со 33 бодови, лидери се Ловеч и Лудогорец по 50.

Нема коментара:

Постави коментар