Powered By Blogger

9. 1. 2014.

Битолчанецот Ивановски во Израел?

ДАЛИ Е НА ПОВИДОК ПРЕСЕЛБА НА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ОД РОМАНИЈА ВО ИЗРАЕЛ?
Романскиот веб сајт “prosport.ro“ пренесува дека израелскиот фудбалски клуб изрази желба да го доведе македонскиот интернационалец. Според информациите, романскиот состав Астра на Мирко Ивановски доби понуда од 500.000 илјади евра од Хапоел Тел Авив.
Романците се веќе во разговори со друг напаѓач Денис Алибек, па можно е Ивановски да си замине уште во зимскиот преоден рок. Хапоел уште од претходно ги следи игрите на нашиот играч кога настапуваше во дресот на Макаби Хаифа во рамките од Европа Лига.

Нема коментара:

Постави коментар