Powered By Blogger

16. 1. 2014.

Морено и Динчев ги „лечат„ заминувањата во Пелистер

ЗАПОЧНАА ЗИМСКИТЕ ПОДГОТОВКИ НА ПЕЛИСТЕР НА ДРАГАН БОЧЕСКИ

Еден од најдобрите домашни клубови по есенскиот дел од сезоната 2013/2014, екипата на Пелистер денеска под палката на шефот на стручниот штаб, Драган Бочевски ги стартуваше подготовките за продолжението од шампионатот. Со очигледно променет состав, по заминувањето на дел од стандардните првотимци, „пелистерци“ во вториот дел ќе се обидат да обезбедат европска виза за следната сезона.
Добро е познато дека клубот остана без услугите на Томе Китановски, Марјан Алтипармаковски и Кирил Ѓоргиев (пред заминување е и Стенио Жуниор), кои ја променија клупската средина, но веќе од самиот старт доведени се две нови имиња, повторно во соработка со бугарски Литекс. Нови членови на Пелистер, коi од сабота треба да се приклучат на тренинзите на тимот, се 19-годишниот колумбиски интернационалец Лопез Морено како и дефанзивецот на Литекс, кој на отстапница доаѓа во Битола, Кирил Динчев. Инаку, денеска на првата прозивка не се појавија единствено бугарските интернационалци кои исто така од сабота се приклучуваат на тимот. Зимските подготовките со „зелените“ ќе ги одработат и Тони Магловски, Сашко Дуков и Бурхан Мустафов кои се вратени од позајмица, а за пролетниот дел ќе се смета и на Благојче Главевски и Димче Ристевски кои полека, по паузата поради повреди, се враќаат во неопходниот ритам.

Нема коментара:

Постави коментар