Powered By Blogger

9. 1. 2014.

Новевски стрелец против НЕЦ Нијмеген

КАКО ШТО ЈА ЗАВРШИ СТАРАТА ГОДИНА, ТАКА СО УСПЕСИ НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕР ЈА ПОЧНА И НОВАТА ГОДИНА
Во еден контролен натпревар составот на Мајнц успеа да го совлада тимот на Нијмеген со резултат 3:2, иако на полувремето имаше негатива од 2:1. Поведоа Холанѓаните преку Коолвијк од пенал во шестата минута од средбата, израмни македонскиот интернационалец Николче Новески во 43-та мин., а Рикс се погрижи пред паузата да го врати водството на Нијмеген во првата минута од судиското надополнување.
Пресвртот од страна на германскиот состав се случи во завршните минути од мечот, поточно најпрвин во 87-та мин. преку Мали, а 120 секунди подоцна Неделев новото засилување го постави конечниот епилог.

Нема коментара:

Постави коментар