Powered By Blogger

24. 1. 2014.

Трансферот на Лопез Морено неизвесен?


НЕОЧЕКУВАНИ ПРОБЛЕМИ ЗА БИТОЛЧАНИ СО НИВНОТО НАЈАТРАКТИВНО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО НАПАДОТ
Иако пред десетина дена беше најавен како големо засилување колумбискиот напаѓач на Пелистер, Морено неизвесно е дали ќе го облече зелениот дрес оваа пролет. Имено по редовните лекарски тестови беше констатирано дека фудбалерот има здравствени проблеми и деновиве во консултација со неговиот бивш клуб Пелистер ќе одлучи дали ќе го задржи младиот напаѓач или не.
Во случај тој да се врати во татковината, на Пелистер ќе му треба нов напаѓач, со оглед на тоа дека Алтипармаковски и Жуниор веќе се продадени, а во групата во овој момент на позицијата на која треба да игра Лопез Морено, тренираат само Главевски кој се врати по тешката повреда, Воденичаров, Милевски и Дуков по одстапката во Миравци. Исто така Пелистер треба да донесе одлука во наредните 2-3 дена каде ќе ја мине централната фаза на подготовки од втората недела на фебруари. Опции се Анталија, Грција или во македонските центри за подготовки Охрид или Дојран. До овој момент тренерот Бочевски и неговиот стручен штаб нормално тренираат под Тумбе кафе, а и временските услови дозволуваат да се работи според планот „Започнавме со подготовките според планот и така и ќе продолжиме. Што се однесува пак до заминувањата на некои фудбалери нема што да кажам посебно. Така е секогаш кога има преоден рок, некои фудбалери заминуваат, други доаѓаат. Се надевам дека ќе продолжиме со истото темпо како што го имавме во есента и дека нема да остапиме во однос на амбициите, да направиме добра екипа, која ќе се носи со сите останати екипи, екипа која ќе остане на врвот на табелата и секако да се избориме по завршувањето на сезоната Пелистер да има обезбедена европска виза„ вели тренерот на Пелистер, Драган Бочевски. .   

Нема коментара:

Постави коментар