Powered By Blogger

17. 1. 2014.

Жуниор од Пелистер се пресели во Шкендија

ЕДЕН ОД НАЈСЕНЗАЦИОНАЛНИТЕ ТРАНСФЕРИ ВО ЗИМСКИОТ ПРЕОДЕН РОК Е ВЕЌЕ РЕАЛИЗИРАН
Серијата засилувања во редовите на тетовска Шкендија продолжуваат денеска и со официјалната промоција на веќе од претходно најавеното ново име, Бразилецот Стенио Маркос де Фонсека Жуниор кој доаѓа од редовите на Пелистер. 22-годишниот Жуниор, кој е во косопственост и на бугарски Литекс, изминатава есен беше еден од најдобрите фудбалери на Пелистер по што веднаш го привлече вниманието на Шкендија.

Жуниор е осмо засилување за Шкендија, по Бугаринот Јордан Милев, Хрватот Бојан Вручина, како и Нури Мустафи, Астрит Фазлиу, Мухамед Усеини, Демир Имери и Денис Симијоновиќ.

Нема коментара:

Постави коментар