Powered By Blogger

29. 1. 2014.

Пандури се распрашува за Брдаровски

ПО ИВАНОВСКИ И КИТАНОВСКИ, УШТЕ ЕДЕН БИТОЛЧАНЕЦ НА ПАТ КОН РОМАНСКАТА ЛИГА
Тимот на Пандури, моментно четвртопласиран во елитното фудбалско друштво на Романија, е можеби следната дестинација на фудбалерот на битолски Пелистер, Владица Брдаровски, јавуваат медиумите од Романија. Според информаците на романски „Проспорт“, левиот бек на Пелистер, Владица Брдаровски, наредниве денови треба во Анталија да и се приклучи на екипата на Пандури, каде што ќе мине извесен тест – период, пред евентуалниот трансфер во клубот, секако, доколку ги задоволи вкусовите на стручниот штаб.
Доколку Брдаровски, кој покрај Пелистер во Македонија има настапувано и во Работнички, потпише за Пандури тоа нема да биде негово прво интернационално искуство, ако се знае дека во минатото има куса епизода и во чешкиот клуб Брно. Евентуалното заминување на Брдаровски од Пелистер, за битолчани ќе значи продолжување на егзодусот на фудбалери во овој зимски период, по заминувањата на Китановски, Алтипрамаковски, Жуниор и на Георгиев.

Нема коментара:

Постави коментар