Powered By Blogger

17. 6. 2013.

Ангеловски ќе ја заврши кариерата во Констанца

36 ГОДИШНИОТ РАКОМЕТАР ОД ШКОЛАТА НА ПЕЛИСТЕР ДОЛГО ВРЕМЕ Е ВО СТРАНСТВО И ТАМУ ЌЕ ЈА ЗАВРШИ БОГАТАТА КАРИЕРА
 Искусниот битолски ракометен интернационалец Бранислав Ангеловски планира да игра уште една сезона во Констанца. Но, планот му го наруши раководството на романскиот првак, кој инсистира тој наместо една да остане во нивните редови уште две сезони. Тоа веројатно ќе биде и неговиот последен клуб во кариерата, по што ќе замине во пензија.
Три сезони во Романија, Констанца е неприкосновен владетел, постојано игра во Лигата на шампионите, а плановите сезонава им се да го повторат успехот од пред две години и со пласманот во осмина-финалето Имам уште една сезона од договорот со Констанца што ми завршува во јуни 2014. Откако ја освоивме двојната круна, изјавив дека уште една сезона и готово, ќе престанам со активно играње. Од клубот реагираа и ми рекоа дека би сакале да останам уште една плус, што значи до јуни 2015 година. Тоа особено ми годи, зашто и покрај годините сметаат дека сум доволно добар ракометар, кој придонел за клубот. Но, по таа сезона нема веќе враќање, завршувам со активното играње ракомет. Потоа ќе размислувам за други работивели Бранислав Ангеловски. Ангеловски е најтрофејниот играч во романското првенство, кој има титули со шест клуба од четири различни држави. Во кариерата играа за Пелистер, Вардар, Металург, Загреб, Винтертур, Тулуз, Ал Аин и за Констанца.

Нема коментара:

Постави коментар