Powered By Blogger

18. 6. 2013.

Во Битола отворен силен јуниорски турнир во тенис

ТК БИТОЛА ОРГАНИЗАТОР НА ПРЕСТИЖЕН ТУРНИР ВО ЈУНИОРСКА КОНКУРЕНЦИЈА
На тениските терени на Тенискиот клуб Битола, кои се наоѓаат во Градскиот парк, свечено беше отворено петтото јуниорско првенство во тенис, во организација на ТК Битола На овој меѓународен тениски турнир, кој ние по петти пат го организираме имаме околу шеесетина тенисери во јуниорска конкуренција од единаесет држави.
Имавме најави за околу дваесетина држави, но за жал дел од нив откажаа поради немањето повеќе терени на едно место. Има силна конкуренција и натпреварите ќе се одржуваат до петок, а за сабота во 10 часот е закажано одигрување на двете финалиња во машка и женска конкуренција. Очекуваме турнирот да го затвориме во 13 часот во сабота ни рече Златко Павловски, претседател на ТК Битола.  На отворањето на турнирот градоначалникот Талески рече дека со изградбата на уште три нови тениски терени кои за брзо време ќе бидат изградени кај Градскиот стадион, Битола ќе има доволно терени за одржување на меѓународни турнири, но и доволно тениски терени за сите љубители на овој спорт во градот. Тенискиот турнир ќе се игра на двата земјени тениски терени во комплексот “Зодијак“, а учесниците ќе патуваат и во соседните градови каде ќе се играат натпревари, се со цел навреме да заврши турнирот, до сабота.

Нема коментара:

Постави коментар