Powered By Blogger

23. 6. 2013.

КК Младост ја освојува и Барселона

КК „МЛАДОСТ“ НА ТУРНИР ВО БАРСЕЛОНА ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВААТ БИТОЛА И МАКЕДОНИЈА
Младите кошаркари и кошаркарки на „Младост“ од 28 до 30 јуни оваа година ќе учествуваат на третиот меѓународен турнир „Барселона Куп 2013“ на кој што ќе учествуваат 36 екипи во повеќе категории. Нашиот клуб ќе настапи во три категории: момчиња родени 1999/2000, девојчиња родени 1999/2000 и „Микс“-момчиња и девојчиња родени 2001/2002.
На турнирот учество ќе земат екипи од: Шпанија, Франција, Швајцарија, Русија, Турција, Израел, Шведска и Македонија. Натпреварите ќе се играат во спортскиот комплекс „Мар Бела“ во Барселона на четири терени. Првите два дена се натпревари по групи, а на 30 јуни се игра за пласман.  Пред поаѓањето тренерот Горјан Стојановски е оптимист: „Годинава ќе учествуваме на навистина силен меѓународен турнир кој што е во програмата на FIBA. Противниците се непознати за нас, но јас како тренер сакам моите играчи да го дадат максимумот на секој натпревар, а останатото ќе зависи од противникот. Се надевам на добар пласман барем во една категорија„

Нема коментара:

Постави коментар