Powered By Blogger

30. 6. 2013.

Пелистер „пикира„ фудбалери од средниот ред

СО КОМПЛЕТИРАЊЕТО НА ОДБРАНАТА И НАПАДОТ, НА ПЕЛИСТЕРЦИ МУ НЕДОСТИГААТ НАЈМАЛКУ ДВА ФУДБАЛЕРИ ОД РЕДОТ ЗА ВРСКА
Од утре фудбалерите на Пелистер ќе тренираат два пати дневно се до четврток кога Бочевски ќе им го додели првиот слободен ден, пред заминувањето за Бугарија и првиот контролен натпревар со Литекс. Во групата тренираат 28 фудбалери, меѓу кои и многу млади надежи.
Најмлад од нив е 16 годишниот Мартин Мирчевски, кој е прекомандуван од кадетската екипа меѓу сениорите и таму ќе ги мине подготовките. Стручниот штаб и бордот на директори знаат што му недостига на овој тим за да биде комплетен пред стартот на августовските мечеви за бодови „Ќе доведеме најмалку два фудбалери за врска, со што нашиот ростер ќе биде комплетен. Оптимист сум дека ќе составиме одлична екипа, ќе го вратиме стариот имиџ на Пелистер и јас ќе бидам најсреќен ако гледачите во уште поголем број го исполнат „Тумбе кафе„ Како во мое време„ коментираше новиот тренер на Пелистер, Драган Бошевски. Охриѓанецот има голема доверба и во младите бисери на клубот кои веќе одскокнаа меѓу своите врсници и некои од нив тропаат на вратата на првиот тим. Затоа Петар Љамчевски, Александар Анастасов и Бурхан Мустафов се издвојуваат и оваа сезона се очекува да имаат солидна минутажа во натпреварите од шампионатот. Со подготовки започна и Александар Вељановски, кој долго време ја влечеше повредата на рамото, здобиена на бараж мечот со Скопје во Кичево. Битолските навивачи во се поголем број ги следат тренинзите под Тумбе кафе, а првиот пријателски меч во Битола се очекува за три недели, по враќањето на екипата од подготовките во Банско.

Нема коментара:

Постави коментар