Powered By Blogger

5. 6. 2013.

РК Пелистер може да откаже од Лигата

НАЈАВЕНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА СО ОФИЦИЈАЛЕН СТАВ ПО ПОСЛЕДНИТЕ КАЗНИ ИЗРЕЧЕНИ ОД РФМ
По казните кои ги одреди Комисијата за натпрварување при Ракометната федерација во ракометениот клуб Пелистер има голема доза на разочараност за тоа по кои критериуми се донесени, според нив, високите казни
Не знаеме по кој аршини се носени одлуките за ваквите казни. Кога овие казни кои ни се одредени можеме да кажеме дека се срамни и не водат кон ништо, за истиот прекршок во Струмица, Стоилов доби казна од неиграње на две средби, а нашиот Мемиќ суспензија од две години. За нередите во Скопје на најважниот натпревар сезонава Вардар - Металург, Вардар е казнет со 10.000 денари, а ние за натпревар, неколку ранга подолу, сме казнети со 60.000 денари. Не знам каде ќе води сето ова, но мора да кажам дека размислуваме и за најрадикален потег, да истапиме од лигата вели со видна огорченост, претседателот на РК Пелистер, Ефто Божиновски.  Божиновски вели дека во законскиот рок Пелистер ќе поднесе жалба на овие изречени мерки и се надева дека таа жалба ќе биде земена предвид од Комисијата за спроведување на натпревари. За петок, во просториите на Пелистер е закажана и официјална прес-конференција на оваа тема.  

Нема коментара:

Постави коментар