Powered By Blogger

18. 6. 2013.

Алушовски: „Важно ми е да ме паметиме како човек„

БИТОЛЧАНЕЦОТ ВО 42 ГОДИНА ОД ЖИВОТОТ ЈА ЗАВРШИ БОГАТАТА РАКОМЕТНА КАРИЕРА
Победата над Португалија нашите ракометари добро ја прославија и не го заборавија човекот кој го задолжи македонскиот ракомет, а во неделата го одигра последниот натпревар - Стевче Алушовски. Колегите скандираа да остане, но битолчанецот веќе ја донел оваа одлука.
По пристојниот подарок од репрезентативците, Алушовски им се обрати на присутните во скопскиот ресторан „Маракана „Мојата репрезентативна приказна почна пред 21 година токму во ресторанот „Маракана“, судбината сакаше да заврши на истото место. Горд сум на она што го остварив во кариерата, мило ми е што успеав да оставам трага врз македонскиот ракомет, но исто така сум и горд што имав можност да бидам дел од оваа репрезентација, од овој успех, пласманот на Европското првенство во Данска. Ви благодарам за сите прекрасни моменти минати заедно, би порачал само да не ме паметите како ракометар, туку како човек“ заврши Алушовски кој најверојатно од РФМ ќе добие функција во ракометната репрезентација.


Нема коментара:

Постави коментар