Powered By Blogger

7. 6. 2013.

Во Пелистер се вчудовидени од високите казни од РФМ

КАЗНИТЕ ПО НАТПРЕВАРОТ СО ТИНЕКС ПРОЛЕТ СПОРЕД БИТОЛСКИОТ КЛУБ НЕ СЕ СООДВЕТНИ ЗА СЛУЧУВАЊАТА НА ТЕРЕНОТ
Завршувањето на ракометната сезона за РК Пелистер беше причина за сумирање на впечатоците пред домашната спортска јавност. На денешната прес-конференција раководството на Пелистер изрази задоволствот од одиграната сезона, жалење е што во последен момент пропуштено е учество во Челенџ Купот, но и вчудовиденост поради високите казни од РФМ за инцидентот на натпреварот против Тинекс во Битола
„Ние против нашиот ракометар Фарук Мемиќ покренавме дисциплинска постапка поради инцидентот, но мора да кажаме дека и не може да се согласиме со високите казни од РФМ, поради што испративме официјална жалба до Комисијата на натпревари и се надеваме на намалување на казната“ - истакна претседателот на Пелистер, Ефто Божиновски. Претходно, Божиновски нагласи дека добиените казни се навистина високи компарирано со некои претходни одлуки на РФМ „Навистина несоодветно е Стоилов да добие казна од три натпревари, а нашиот ракометар за ист прекршок двегодишна суспензија. Вардар за нереди на најважниот натпревар против Металург оваа сезона е казнет со 10.000 денари, а ние добиваме казна од 60.000 денари. Навистина е редно, од РФМ согледувајќи ги сите околности, да ги преиспитаат казните“ - рече Божиновски. На денешната средба со медиумите од Пелистер го нагласија и задоволството од освоената шампионска круна на клубот во младинска конкуренција, што претставува голем успех, но и сериозна основа за привлекување спонзори кои за следната сезона навистина ќе му помогнат на битолскиот ракомет кој заслужува да се врати на старите патеки.

Нема коментара:

Постави коментар