Powered By Blogger

12. 6. 2013.

Шундовски би можел да стане селектор на Романија

ПО ДВОЈНАТА КРУНА СО КОНСТАНЦА, БИТОЛСКИОТ РАКОМЕТЕН СТРУЧЊАК НА ЦЕНА ВО РОМАНИЈА
Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Звонко Шундовски, би можел да го замени, Елиодор Воика, на тренерското столче на романската селекција, откако романците не изборија пласман на Европското првенство во 2014 година Точно е дека има некои најави, во клубот веќе имало разговор дали тие би дозволиле да работам и како селектор. Таквите најави постоеја уште кога го освоив Kупот во Романија.
За 5-6 дена се враќам во Kонстанца, па ќе разговарам и со клубот и со федерацијата. Имам многу барања што би требало да бидат исполнети. Не се работи за пари, туку повеќе за логистиката потребна да може се да функционита беспрекорно изјави Шундовски за весникот „Јавност“ Шундовски ја водеше Македонија до историскиот пласман на минатотот Европско првенство во Шпанија кога стигнавме до петтото место.

Нема коментара:

Постави коментар