Powered By Blogger

19. 6. 2013.

Пелистер пред нов почеток

КАКО И СЕКОЈА ГОДИНА ИСЧЕКУВАЊЕ, НО СЕГА И ОПТИМИЗАМ ДЕКА ПЕЛИСТЕР ЌЕ ДОБИЕ НОВ СПОНЗОР, ТРЕНЕР И ЗАСИЛУВАЊА
Само една недела по обезбедувањето на опстанокот во Првата лига, Пелистер врти нов лист и почнува од почеток. Во наредните денови треба да се официјализира нов капитал во клубот, па откако ќе заврши вообичаената процедура клубот ќе ги официјализира своите планови. До тогаш очекувањата се дека Пелистер ќе успее што е можно побрзо да се стабилизира и да го почне нормалниот процес на создавање на тимот.
Според неофицијалните информации, зелените ќе бидат подложни на многу измени во играчкиот кадар, а ќе ги води и нов тренер. Се уште не се шпекулира со имиња, иако извесно е дека првата одговорна одлука која ќе донесе новиот управен одбор ќе биде именување на нов шеф на стручниот штаб. Имињата на Горан Пашовски од Напредок и Петар Љамчевски од Метачург најчесто „струјат„ во кулоарите како потенцијални засилувања, но клубот се уште ништо не официјализира. Со оглед на тоа што наредниот шампионат ќе биде многу тежок и секој натпревар ќе биде квалификациски за секое место, Пелистер знае дека не смее да потрфли во конструкцијата на тимот, изборот на тренер и потоа добро да се подготви. Како и многу често во минатото голем дел од одлуките ќе бидат донесени во последен момент, но во Битола владее умерен оптимизам дека Пелистер ќе изгради тим кој ќе се бори за горниот дел на табелата.

Нема коментара:

Постави коментар