Powered By Blogger

13. 6. 2013.

Димитровски му донесе триумф на Пелистер за нова прволигашка сезона

ПЕЛИСТЕР ОСТАНУВА ПРВОЛИГАШ И ВО ВТОРИОТ БАРАЖ МЕЧ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА И ПАК СО ГОЛ НА ТАЛИСМАНОТ ДИМИТРОВСКИ
Прва фудбалска лига - бараж натпревар

Пелистер - Скопје 1:0 (0:0)

Екипата на Пелистер го победи со 1:0 составот на Скопје и бараж мечот што попладнево се одигра на градскиот стадион во Кичево го реши во своја корист, за нова прволигашка сезона на битолските зелени. Голот на одлука го постигна ветеранот Драганчо Димитровски, кој во 67 минута со манир на расен стрелец ја затресе мрежата на Скопје и тоа беше вистинска експлозија на радост меѓу многубројните битолски навивачи.
Покрај единствениот гол битолскиот прволиогаш можеше уште во неколку наврати да ја затресе мрежата на Скопје и со многу поубедлива победа  да го заврши овој натпревар. Скопскиот второлигаш загуби уште еден е бараж меч и до година ќе се натпреварува во втората фудбалска лига. Инаку мечот во Кичево се одигра во извонреден фудбалски амбиент пред повеќе од 3000 гледачи, меѓу кои  беа и повеќе познати спортски работници Истатов, Јованоски, Цветаноски  и други, но и пред силно полициско обезбедување за да се спречи некој несакан инцидент. Во другиот бараж натпевар играа екипите на Еуромилк од Ново лисиче и Дрита, а тој натпревар е прекинат во 75 минута по досудениот пенал за екипата на Еуромилк.

Нема коментара:

Постави коментар