Powered By Blogger

12. 6. 2013.

Притисокот, но и квалитетот на страната на Пелистер

ПО ВТОР ПАТ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА ПЕЛИСТЕР ИГРА БАРАЖ ЗА ГОЛ ПРВОЛИГАШКИ ЖИВОТ И ВТОР ПАТ Е ФАВОРИТ
По втор пат во својата историја Пелистер ќе игра бараж за опстанок во Првата лига. Ако пред неколку години Струмица беше местото на клучниот натпревар, денес Чкембарите ќе извршат инвазија на Кичево каде во 90 или 120 минути, можеби и по пеналите меѓу Пелистер и Скопје ќе се бара идниот прволигаш.
Кога пред неколку години се соочија со Шкендија, напаѓачот Благојче Главевски постигна два гола во победата од 3:0 на зелените. Сега Главевски се надева дека ќе ја прекина серијата без постигнат гол оваа пролет и ќе му го донесе опстанокот на Пелистер „Долго време мака мачев со повредата и да ја најдам вистинската форма по опоравувањето. Сега верувам дека сум подготвен и мотивиран да го дадам најдоброто од себе. Ова се тешки и многу психолошки натпревари. Притисокот е врз нас бидејќи сме прволигашка екипа, бидејќи имаме видливо поголем квалитет и верувам дека тоа ќе излезе на површина. Ги повикувам навивачите да бидат наш 12 играч и заеднички да славиме уште една сезона во прволигашкото друштво„ ни рече искусниот голгетер на пелистерци. Се очекува Главевски заедно со Благојче Марковски да го почнат мечот во нападот на Пелистер, а сите освен повредениот Димче Ристевски му се на располагање на тренерот Димов. Тој најмногу дилеми има во средниот ред, каде неколку фудбалери со подеднакви шанси кандидираат за место во првиот тим. Младинските репрезентативци Драгарски, Христов и Китановски се вратија уморни, но здрави од мечот во Азербејџан и веројатно ќе бидат во комбинација за мечот со Скопје. Последен пат овие две екипи се сретнаа меѓу себе пред две сезони во Првата лига кога двете екипи славеа на домашен терен - Скопје со 1:0 на Автокоманда, а Пелистер со 5:4 под Тумбе кафе.

Нема коментара:

Постави коментар