Powered By Blogger

26. 6. 2013.

В петок Пелистер ги „отвора картите„

СО ИЗМЕНИ ВО СИТЕ СВОИ СТРУКТУРИ, ПЕЛИСТЕР ВО ПЕТОК ЌЕ ГО ОБЕЛОДЕНИ СВОЈОТ НОВ ПРОЕКТ
Наместо денес, Пелистер стартот на подготовките го одложи за в петок попладне кога треба да биде презентиран проектот со кој екипата ќе се обиде да го поправи 10 место од првенството, кое официјално заврши пред неколку недели. Административните детали за влез на нов капитал во клубот беа единствената пречка заради која прозивката ќе се случи во петок.
Клубот наскоро ќе има ново вонредно собрание, ќе добие нов управен одбор и борд на директори, а измени и тоа радикални ќе има и во стручниот штаб и играчкиот кадар. Сите донесени одлуки добија мало одлагање, но доцна попладне стигна и „зелено светло„ од Општина Битола. Дури сега ќе може да бидат потврдени шпекулациите дека Пелистер има в џеб договори со неколку фудбалери од домашното првенство и еден од странство, како и за се поспомнуваното доаѓање на Драган Бочевски за шеф на стручниот штаб. Нов голман, 2-3 фудбалери во последната линија, 2-3 фудбалери за врска и 2 напаѓачи треба да се појават утре под Тумбе кафе, каде пелистерци ќе одржат прес-конференција за јавноста. Навивачите со нетрпение го очекуваат стартот и амбициозниот проект. Во текот на утрешниот ден клубот треба да ја соопшти трансфер листата, која годинава ќе биде долга и преку 10 имиња ќе ги напуштат клубот. Првиот хрватот Кекец веќе се врати во татковината, а Симеон Христов ја заврши шест месечната одстапка од унгарскиот Егри. Пет недели работа пред стартот на новото првенство на Македонија, Пелистер планира да ги искористи со подготовки во Битола и најверојатно во Бугарија, каде зелените ќе ги минат базичните припреми. Сите детали ќе бидат обелоденети в петок попладне на стадионот под Тумбе кафе.   

Нема коментара:

Постави коментар