Powered By Blogger

30. 6. 2013.

Чурлевски меѓу Либија и Македонија

БИТОЛСКИОТ РАКОМЕТЕН ТРЕНЕР ПО НЕПОЛНА ПОЛОВИНА ГОДИНА ПАК Е ВО ТАТКОВИНАТА ПО ПРЕДИЗВИКОТ ВО ДАЛЕЧНАТА ЛИБИЈА
По пет месеци минати во далечната Либија, битолскиот ракометен тренер Боро Чурлевски се наоѓа на заслужен одмор во родниот град и на раскрсница пред продолжувањето на кариерата. Имено заради Рамазан е пауза во шампионатот на Либија, а неизвесно е дали и кога ќе почнат официјалните натпревари на неговата екипа Ал Џазира.
Таму Чурлевски е прв тренер и координатор на сите четири возрасни категории во клубот „Наидов на еден нов предизвик, добро бев прифатен, имав полни раце работа, практично по 8-10 часа дневно работев во сала со екипите и задоволен сум од дисциплината, послушноста и талентот на ракометарите од оваа земја. Ал Џазира е големо спортско друштво во Либија и во сите спортови тренерите доаѓаат од бивша Југославија. Но за жал неизвесно е кога ќе продолжи шампионатот на оваа земја и затоа сега сум во Македонија и очекувам повик за враќање во Либија. Сепак морам да напоменам дека ме контактираа неколку машки и женски клубови од нашата земја и соседна Грција и во овој момент не можам категорички да ви кажам каде ќе работам„ заклучи Чурлевски. Легендарниот плејмејкер на Пелистер и македонската репрезентација е меѓу ретките тренери кои го прифатија предизвикот да работат на далечниот исток. Претходно единствено Стевче Стефановски беше тренер во Катар пред 15 години. 

Нема коментара:

Постави коментар