05.06.2013.

Химната на Македонија четири пати интонирана среде Атина

БИТОЛСКИОТ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ СО НЕВЕРОЈАТЕН БЛЕСОК СРЕД ГРЦИЈА. ДОНЕСЕНИ МЕДАЛИ И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ДРЖАВАТА ЗА НЕЗАБОРАВ
Македонската химна четири пати беше интонирана среде Атина благодарејќи на нашите борци од Академијата за боречки вештини ЗА-НЕД-ДО кои освоија четири златни медали на СП одржано во Грција. Дијана Неделковска, Маја Кузманова, Андреј Иванов, и Јован Марушевски од Академијата за боречки вештини ЗА-НЕД-ДО се натпреваруваа во седум категории и освоија дури четири златни медали, еден сребрен и два бронзени медали.
Поради тоа четири пати беше интонирана македонската химна, а воедно се вееше и македонското знаме. Борците беа предводени од мајсторот Златко Неделковски.
1. Дијана Неделковска [Eкстремна самоодбрана] - златен медал - Светски
шампион - ISDO *(International Self Defence Organization)
2. Маја Кузманова [Eкстремна самоодбрана - јуниори] - златен медал -
Светски шампион - ISDO *(International Self Defence Organization)
3. Маја Кузманова [Кик Бокс - јуниор] - златен медал - Светски шампион -
WPKA *(World Pan Amateur Kick Boxing Association) и WKA Professional
*(World Kick Boxing Association)
4. Андреј Иванов [Музички форми со оружје] - златен медал - Светски
шампион - ISDO *(International Self Defence Organization)
5. Јован Марушевски [Музички форми со оружје] - сребрен медал - Светски
вице шампион - ISDO *(International Self Defence Organization)
6. Јован Марушевски [Кик Бокс - јуниор -75 кг.] - бронзен медал - трето место - WPKA *(World Pan Amateur Kick Boxing Association) и WKA Professional
*(World Kick Boxing Association)
7. Андреј Иванов [Кик Бокс - јуниор -70 кг.] - бронзен медал - трето место -
WPKA *(World Pan Amateur Kick Boxing Association) и WKA Professional

*(World Kick Boxing Association)

Нема коментара:

Постави коментар