Powered By Blogger

16. 6. 2013.

Сите сакаат нешто да научат од Обрадовиќ

КФМ организираше семинар на кошаркарски тренери, а сите битолски тренери не го пропуштија гостувањето на легендарниот Жељко Обрадовиќ
Најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ денеска ја стартуваше „Тренерската клиника“ која во организација на КФМ, а како дел од официјалниот календар на ФИБА и ИОК, минатиот викенд се одржа во салата „Билјанини извори“ во Охрид.
Човекот кој зад себе има осум титули европски шампион со три екипи, ги одржа првите тренинзи заедно со својот досегашен помошник од Панатинаикос, Димитриос Итудис, како и словенечката кошаркарска легенда Антон Крумп. Обрадовиќ одржа предавања пред домашните и тренерите од целиот Балкан околу темата „Пик енд рол напад“, презентирајќи го со помош на кошаркарите од нашата селекција до 18 години. Итудис одработи индивидуален шутерски тренинг со бекови, додека Крумп го претстави моделот и организацијата на стручната работа со младите категории кошаркари.Покрај голем дел од тренерите од нашата земја, бившите селектори Докузовски и Лазевски, селекторите на младинските репрезентации, присуствуваа и скоро сите битолски кошаркарски тренери. На чело со највозврасниот тренер на КК Пелистер, Благој Печалов, бившиот тренер на Пелистер и МЗТ Скопје, Александар Петровиќ, преку тренерот на КК Студент, Манела Бабука, до Созовски од КК Јуниор и Стојановски и Николов од КК Младост. Буквално сите сакаа да научат од легендатрниот тренер кој за прв пат по 35 години гостуваше во Охрид. Тогаш како член на јуниорската репрезентација на Југославија, а сега како тренер над тренерите.

Нема коментара:

Постави коментар